4NEWS.mk

Миле Сугарев е именуван за генерален директор на Фондот за здравство

Владата денеска на седница го именуваше Миле Сугарев за в.д. генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Тој  доаѓа од позицијата директор на Секторот за финансиски прашања на ФЗОРСМ, наведуваат во соопштението од владината прес-служба.

Сугарев доаѓа на местото на Ден Дончев кој пред неколку дена поднесе оставка од позицијата директор на Фондот поради здравствени и семејни причини.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио во Славјанка Петровска 22.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни