Министерот за информатичко општество и јавна администација Адмирил Алити во изјава за ТВ21 вели дека секоја државна институција треба да направи промена во плановите, па така 1/3 од вработените да бидат Албанци. Најавува и нови вработувања.
Но со овие податоци не се согласуваат од Државниот завод за статистика. Директорот на ДЗС, Апостол Симовски го оспорува новиот балансер. Вели дека не можат да се бројат тие 6,4% од населението кои не се изјасниле за својата етничка припадност.
„МИОА нè контактираа телефонски минатата недела и ние им кажавме дека единствената категорија што треба да ја гледаат е резидентото население. Не може да ги распоредите. Не знаеме и тука нема нагаѓање. Тие 7% се неизјаснети и ќе си останат во групата на останати“, вели Апосотол Симовски.
И во претходниот балансер за правична застапеност на етничките заедници во јавниот сектор користен е вкупниот број на населението и истото е направено и сега, изјави за ТВ21 министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити. Тој додаде дека нема никаква измена кај балансерот освен новите податоци за населението.