Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска ќе одржи работна средба со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.
Тема на средбата е спроведување превентивни мерки против африканска свинска чума.
Како што соопшти Министерството за земјоделство, по средбата е предвидено Димковски и Бочварски да ја посетат ветеринарната станица во Штип.