Поврзи се

4NEWS.mk

Министерот Милевски и белгискиот политичар Флао разменија искуства за децентрализацијата во Белгија

Published

on

Процесот на децентрализација во Белгија, важноста на фискалната децентрализација и регионалниот развој беа главните теми на денешната средба во кабинетот на министерот за локална самоуправа Горан Милевски со францускиот и белгиски историчар Жан Жак Флао,  политичар со големо искуство во белгиската политика.

-Текстот продолжува по рекламата-

– Во процесот на децентрализација на нашата земја важни се искуствата кои ќе се чујат директно за процесите на другите земји, како на пример во Белгија. Министерството и понатаму ќе се грижи за општините и ќе соработува со нив преку ЕУ проекти за да се развиваат и да нудат квалитетен живот на граѓаните, се со цел да имаме и функционална децентрализација. Жан Жак Флао е еден исклучителен политичар, со кој денеска разговаравме за важноста за фискалната децентрализација, како и за регионалниот развој на нашата и нивната земја, изјави Милевски.

Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, Флао 37 години е член на Советот на Берн ла Комт, од кои 15 години е градоначалник и шест години е заменик градоначалник. До мај годинава тој беше еден од најактивните пратеници во Комисијата за надворешна политика во Парламентот на Белгија.

Во моментов тој претседава со интернационалниот оддел на либералното Реформско движење, најстарата белгиска партија формирана во 1846 година, од која доаѓаат новиот претседател на Европскиот Совет, Шарл Мишел, новиот европски комесар за правда и правна држава Дидие Рејндерс, премиерката на Белгија Софи Вилемс и белгискиот министер за надворешни работи Филип Гофан.

Извор: Сител телевизија

Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com