Министерот Спасовски се врати на работното место: Со едно големо искуство зад себе продолжувам да работам за доброто на граѓаните

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, после неколку недели отсуство од работа поради позитивен тест на коронавирус, денеска се врати на работното место. Тој беше хоспитализиран на Инфективната клиника, а сега сподели дека зад него имал едно големо искуство во битката со коронавирусот.

„Денеска сум на работното место, со едно големо искуство зад себе продолжувам да работам за доброто на граѓаните. Предизвикот пред кој сме исправени како општество е шанса да ги преиспитаме приоритетите во нашиот живот, а во прв план да го ставиме здравјето.

Почитувани граѓани, ајде сите заедно да дадеме придонес кон јавното здравје, за нашите деца, за семејството, за нас, за лекарите кои секојдневно се пред предизвиците да спасуваат животи, борба во којашто се уверив на Инфективната клиника, во посветеноста и неуморноста со којашто работат здравствениот и техничкиот персонал – искрена благодарност за нивниот влог. Но, ова е заедничка битка – чувајте се, носете заштита на лицето, одложете ги времено физичките контакти колку што е можно тоа. Вирусот, заедно ќе го победиме.“, напиша Спасовски.

Денеска сум на работното место, со едно големо искуство зад себе продолжувам да работам за доброто на граѓаните….

Posted by Oliver Spasovski on Monday, November 23, 2020

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното