Македонија

Министерство за здравство: Во услови на пандемија извршена трансплатација на хематопоетски матични клетки кај највозрасниот пациент со акутна леукемија

Министерството за здравство денеска објави дека во услови на пандемија од ковид-19, на Клиниката за хематологија извршена е трансплантација на хематопоетски матични клетки кај досега највозрасниот пациент со акутна леукемија.

„На 68 годишниот пациент Иван му посакувам успешен исход од лекувањето. Упатувам и голема благодарност до несродниот донор од Германија, кој на возраст од 21 година одлучи да донира матични клетки и да спаси човечки живот. Продолжуваме со кампањата „Биди срцевина, биди херој“. Да ја покажеме својата хуманост, да се зачлениме во регистарот на доброволни донори и да даруваме коскена срцевина. Затоа што нема поважно од здравјето на нашите пациенти, пријатели и семејство. Да се грижиме и да донираме!“, велат од министерството за здравство.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни