Во вооружените сили на Белорусија е формиран нов противвоздушен ракетен полк, соопшти денеска во Телеграм прес-службата на Министерството за одбрана во Минск, цитирана од ТАСС.
Според соопштението, командата вложила посебни напори за создавање модерна воена инфраструктура и образовно материјална база за новата формација, за решавање на прашањата околу социјалната сигурност на војниците и нивните семејства.
Новиот полк се наоѓа во градот Лунинец, регионот Брест. Се очекува денеска единицата да ја посети белорускиот министер за одбрана, генерал-полковник Виктор Хренин.