Македонија

Минусни температури низ Македонија, еве каде утрово е најстудено!

Минусни температури низ Македонија, еве каде утрово е најстудено!

Минусни температури утрово низ Македонија, а најстудено е на Попова Шапка каде измерени се -4 степени.

Следуваат и -2 степени во Скопје – Петровец, Битола, Струмица, Крива Паланка, Kрушево, -1 степени во Штип, Берово, Прилеп, Mаврови Анови, 0 степени во Демир Капија, Претор, Виница, 1 степен во Скопје–Зајчев Рид,  Охрид, Велес, Кавадарци, 2 во Тетово, 5 во Куманово и најтопло со 7 во Гевгелија.

Денеска времето е сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни