Опозицијата денеска продолжува со протести низ повеќе градови во Македонија. Еден од градовите денеска е Куманово, од каде изјава даде членот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
„Сега е време да покажеме пркост, бидејќи Заев сака да ни го смени идентитетот. Да не дозволиме Заев да тргува со нашиот јазик, идентитет. Тука во Куманово лежат многу коски на многу херои, во Куманово и во другите делови секоја една капка многу крв за борба против окупаторот не може да се заборави“, рече Мисајловски кој истакна дека ги охрабрува граѓаните од целат земја да посветат малку внимание.
„Драго ми е што се собираме тука во Куманово, но и во другите градови. Ја охрабрувам целта земја да посветат малку време и да покажат пркост, бидејќи промените започнуваат од секој од нас“, рече Мисајловски.
The post Мисајловски: Да не дозволиме Заев да тргува со идентитетот, секоја капка крв за борба против окупаторот не може да се заборави appeared first on TV21.mk.
