Хедер Илејн Гарсија од Јута, е уапсена во текот на возење со истечена возачка дозвола, но тоа и беше најмал проблем.
Имено, кога полицијата го запре нејзиниот автомобил, Хедер (38) се обидела лажно да се претстави како нејзината 20-годишна ќерка и мислела дека тоа ќе и помине.
Полицаецот ја погледнал жената со многу специфичен изглед, а потоа и фотографијата на нејзината ќерка која се обидела да му ја подметне, и останал во шок дали некој воопшто би и поверувал во нејзината приказна.
Не само што возела со истечена дозвола и се обидела лажно да се претстави, туку вистинскиот шок следувал кога полицијата и го претресла автомобилот и во него пронашла одредено количество метамфетамини.
Вистински „подвиг“ всушност било возењето автомобил во кој има дрога, без важечка возачка дозвола зошто за неа веќе имало распишани неколку потерници.