Поврзи се

Македонија

Мисовски: Илинден е концептот кој обединува и гарантира заедничка и просперитетна иднина

Published

on

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски денеска од Мечкин Камен во Крушево во негово и во име на Собранието го честиташе националниот празник Денот на Републиката – 2 Август.

-Текстот продолжува по рекламата-

– Дозволете ми од името на претседателот на Собранието, почитуваниот Талат Џафери, кој поради здравствени причини не е во можност да се обрати денес тука, и на кого јас му посакувам што побрзо закрепнување, во мое лично име и од името на Собранието на Република Северна Македонија, на сите наши граѓани, во и надвор од границите на државата, да им го честитам Денот на Републиката од славниот Мечкин Камен, еден од спомениците на Крушевската Република и сведоштво за едно херојско востание, рече Мисовски.

Тој на почетокот од своето обраќање изрази почит и благодарност за исклучителната професионалност, посветеност и несебичност што здравствените работници ја покажаа изминатиот период.

– Од минатиот 2 Август до овој 2 Август, помина само една година, меѓутоа, верувам дека и Вие го делите моето мислење дека, тоа е година која ќе ја запомниме по еден од најзначајните датуми за нашата земја. На 11 февруари оваа година, Собранието го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во воено политичкиот сојуз на НАТО, стратешка цел која беше поставена уште во 1993 година, веднаш по независноста на земјата, за во 1995 година да се стекнеме со кандидатски статус, рече Мисовски, додавајќи дека работеле напорно за да може да бидеме дел од големото семејство на НАТО сојузот со исполнување на сите неопходни предуслови за да изградат стабилна, безбедна, модерна и економски развиена држава.

Обезбедивме, нагласи тој, сигурност на територијалниот интегритет и безбедност на нашата граница и сега конечно може да се каже дека е поставен уште еден камен на зацврстување на темелите на нашата држава.

– Република Северна Македонија, иако мала по територија, стана пример во регионот и во светот, по својот отворен пристап и искрен дијалог со сите соседи, промовирајќи добрососедска политика на соработка и разбирање. Затоа што, ние знаеме како, рече Мисовски.

Сме имале, додава, а веројатно и понатаму ќе имаме предизвици на патот на зацврстување и унапредување на демократизацијата и напредокот на Република Северна Македонија.

– Меѓутоа, едно е сигурно, а тоа е дека сите до еден, без разлика на политичката провиниенција, веруваме во европската перспектива на нашата земја и сите до еден тежнееме кон тоа да ја исполниме и втората стратешка цел од независноста на државата, а тоа е да станеме дел од големото европско семејство, нагласи Мисовски, додавајќи дека во тој контекст ни се потребни функционални и одговорни институции кои ќе можат да испорачаат видливи и ефективни резултати кои ќе бидат во линија со преговарачката рамка од Европската комисија, за да можеме да ги отвораме поглавјата за членство во Европската унија.

.

Извор: ТВ21

Loading...
Совет за етика во медиуми

4NEWS.mk

Реакција на генералниот секретар на Илинденскиот марш за инцидентот кај Гумење

Македонија

СДСМ-ДУИ, прва опција за нова Влада!? Божиновски: Проширена коалиција меѓу сите политички субјекти

Македонија

Учениците од септември се враќаат во клупите, со маски на лицата и социјална дистанца, часот ќе трае 20 минути

Македонија

Ќе заѕвони ли училишното ѕвонче? Неделков од СОНК: Вирусот е како атомска бомба за училиштето

Македонија

Акција на ИНТЕРПОЛ: Обид за внес на отровна храна во Македонија – запленето пилешко месо со птичји грип

Македонија

Владата објави нов, ажуриран список на компании кои добиле помош, а не ја исплатиле на работниците

Македонија

СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ да молчат за енергетиката, во нивно време струјата поскапе 100% и беше укината евтината тарифа

Македонија

Кадриу: „Премиерот нѐ нарече криминалци“ – Спасовски ги отфрли тврдењата на обвинителката

Македонија

Се заострува „битката“ за ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски се извини за политиките на дел од претходното раководство

Македонија

Полицијата во Синичане по изјавата на Џемаили – Агим Нухиу открива што изјавил градоначалникот на Боговиње во полиција

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“

Македонија

ВИДЕО: Секоја чест! Полицајци од ПС Бутел спасија мало куче од дупка длабока 4 метри