Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска, по новинарско прашање за тоа како ја коментира изјавата на Артан Груби дека имаат 80 пратеници за уставните измени, порача дека доколку се толку сигурни да поднесат иницијатива во Собранието.
Како што вели, со тоа ќе се види дали имаат или не 80 пратеници за уставните измени.
„Одлично супер, нека ги поднесат предлог иницијативата во парламентот и ќе види дали имаат или немаат, зошто тогаш лидерски средби за уставни измени ако имаат 80 пратеници. Мислам дека господинот Груби има поинаква намера, но јас му посакувам многу успех во неговата политичка кариера и сепак државниот интерес е пред и над се, тука го вклучувам и личниот интерес, некогаш во животот треба да направите и чекор два назад“, рече Мицкоски.