Македонија

Мицкоски: Ако веќе Ковачевски одлучи да ја одбива подадената рака, тоа да го направи на отворена сцена а не да се крие позади Фејсбук статуси

Мицкоски: Ако веќе Ковачевски одлучи да ја одбива подадената рака, тоа да го направи на отворена сцена а не да се крие позади Фејсбук статуси

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска, по новинарско прашање околу средбата со премиерот Димитар Ковачевски, истакна дека жали што во СДСМ и Владата нема мудрост, ниту државотворен капацитет.

„Жалам што постапуваат вака неодоговорно во моменти кога на народот му е потребно обединување. Она што го гледаме и од Ковачевски, но и од останатите во Владата е се само не она што му е потребно на народот“, вели Мицкоски.

Мицкоски вели дека не може да разбере како денот го започнуваат и го завршуваат знаејќи дека огромно мнозинство македонски граѓани сакаат оваа Влада да замине и велат дека Македонија се движи во погрешна насока.

„Очекував малку повеќе аналитичност, и очекував да се охрабри Ковачевски да излезе пред медиумите. Ако веќе одлучил да ја одбие подадената рака од мене, од ВМРО-ДПМНЕ, тоа да го направи на отворена сцена а не да се крие позади Фејсбук статуси или да испраќа непознати ликови тоа да го прават“, вели Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни