Македонија

МИЦКОСКИ ДО РЕЏЕПИ: Никој нема против албанскиот јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот

МИЦКОСКИ ДО РЕЏЕПИ: Никој нема против албанскиот јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот

Премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница упати децидна порака дека македонскиот јазик и неговото кирилско писмо се единствениот официјален јазик на целата територија на државата и за меѓународна употреба. Одговарајќи на пратеничко прашање од Скендер Реџепи во врска со употребата на јазиците, Мицкоски нагласи дека иако нема ништо против употребата на албанскиот или кој било друг јазик, уставните одредби мора да се почитуваат во целост.

Пратеникот Реџепи ја обвини Владата за непотребно отворање на етнички теми во време на криза и побара појаснување дали пратениците и министрите имаат обврска да го знаат македонскиот јазик. Премиерот му реплицираше дека албанскиот јазик се користи согласно одредбите за локална самоуправа, но дека статусот на македонскиот јазик како државен е неспорен и дефиниран со највисокиот правен акт.

Во однос на прашањето за правичната застапеност, Мицкоски најави дека новиот закон набргу ќе се најде пред пратениците. Тој истакна дека решението е веќе поминато низ институционалните филтри и е усогласено со мислењето на Венециската комисија. „Законот е уставен,“ порача премиерот, обвинувајќи ја претходната коалиција за долгогодишно манипулирање со јавноста во врска со ова сензитивно прашање.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни