Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите граѓани да се приклучат на протестот за правда, што го организира партијата.
Христијан Мицкоски очекува поддршка од сите политички партии, како и од политички неопределените граѓани, кои во минатото гласно збореле дека е потребен ветинг и правичност во судството.
Маршот ке започне во 18 часот од пред Обвинителството на Кејот на Вардар, а ќе заврши пред Врховниот Суд.
Мирјана Јовеска
