Мицкоски: Кога СДСМ и ДУИ го одбија предлогот Гаши да биде премиер до предвремени избори се откри нивната калкулантска игра

Ниту едните, ниту другите водат сметка и се грижат за интересите и за Албанците, Македонците, и за останатите граѓани во Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето кој е неговиот став откако ДУИ и СДСМ не ја прифатија понудата на ВМРО-ДПМНЕ, Африм Гаши да биде премиер Албанец.

Мицкоски истакна дека доаѓа втора епоха и нов иднина за граѓаните без разлика од која верска, национална или политичка определба се, укажувајќи дека со еден чекор кога понудиле Гаши да биде премиер Албанец, а СДСМ и ДУИ не прифатиле, им се открила нивната калкулантска игра.

Ние само сакавме со тој чекор да покажеме дека ова претставува една обична калкулантска игра на политичари кои што се во заминување. И конечно да ја затвориме таа тема на национализам и поделби, напротив како ВМРО-ДПМНЕ и јас лично сакам да покажам дека доаѓа втората епоха, нова иднина, иднина во која што ќе зборуваме за компетенции, а нема да ги делиме луѓето по национална, верска или политичка припадност. Така што сите онаа неискреност кон гласачите од страна на овие политичари само со една реченица ја извадивме на површина, а тоа е дека ниту имаат план, ниту имаат намера да ја решаваат економската криза која што е последица на енергетската криза, затоа што не знаат и затоа одбиваат. И второ заврши времето на политичари кои сеат поделби, раздор во општеството, доаѓа втората епоха на новата иднина и друг тип на политичари кои што ќе обединуваат и кои што ќе ја развиваат и кои што ќе испорачуваат за народот на Македонија. Без разлика дали се тоа Македонци, Албанци, Власи, Турци, Срби, Бошњаци, Роми и останати, она кое што е важно за нас како луѓе и  политичари е тоа кое што го ветуваме, тоа и да го испорачаме и да обединуваме. Тоа е заедничкиот патриотизам, тоа е втората епоха, тоа е нашата нова заедничка иднина, истакна Мицкоски.

Поврзани вести

Најважното