Македонија

Мицкоски на средба со Сарацин, претставник на германскиот Бундестаг за Западен Балкан

Мицкоски на средба со Сарацин, претставник на германскиот Бундестаг за Западен Балкан

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одржал средба со Мануел Сарацин, претставник на германскиот Бундестаг за Западен Балкан.

„Одржав средба со Високиот претставник на германскиот Бундестаг за Западен Балкан, Мануел Сарацин. На средбата се дискутираше за актуелните политички состојби во Македонија во врска со пристапувањето кон Европската Унија. Ги истакнав позициите на ВМРО-ДПМНЕ за неприфатливоста на овој предлог кој владата очигледно веќе го прифатила. За нас е недозволиво историјата, јазикот и идентитетот да останат заложник на бугарските негаторски интереси. Преговорите за вклучување на Македонија во ЕУ треба да бидат врз основа на Копенхагенските критериуми, и не смее да се дозволи билатерални прашања да го оптоваруваат пристапувањето“, вели Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни