Иако не сум лекар, но вака како инженер можам да им ја доделам дијагнозата на СДСМ. А тоа е дека тие се ван паметот.
„Затоа народот и ВМРО-ДПМНЕ велат не. Гледајте го Ковачевски како блед се врати од Блед. Доживеавме премиери од други држави да го бранат македонскиот народ и Македонија повеќе од прмиерот кој го плаќаме со наши пари. Се врати блед и сега се крие од јавноста затоа што нивната лага повторно пукна како меур од сапуница, погледнете како тоне нивната последна сламка за спас“, рече Мицкоски.
Тој се осврна и на изјавата на францускиот претседател Еманул Макрон.
„Тој ја кажа вистината. ЕУ им испрати абер. Сега се препелкаат, те овој сакал сакач да каже вака, другиот сакал поинаку. Се тоа што го кажуваат не е точно. Без внатрешни реформи кои вие седум години не ги правите, без оправање на секторите и состојбите на секое поле нема ниту да иа афричка унија, а не европска. Народот бара ресет“, додаде Мицкоски.