Македонија

Мицкоски по кривичните за водата во Гостивар: СДСМ го штити градоначалникот, Владата реагираше брзо

Мицкоски по кривичните за водата во Гостивар: СДСМ го штити градоначалникот, Владата реагираше брзо

Премиерот Христијан Мицкоски инсистира јавно да се објави официјалниот извештај и анализата што потврдуваат дека водата во Гостивар е безбедна за пиење, одговарајќи на последните обвинувања од опозициската СДСМ.

Коментирајќи ги кривичните пријави што опозицијата ги поднесе против министерот за здравство, директорите на надлежните здравствени институции и барањата за негова одговорност, Мицкоски истакна дека тоа е право на секоја партија, но ја оцени нивната стратегија како погрешна.

Тој изрази иронично зачудување за тоа што СДСМ во своите соопштенија воопшто не го споменува градоначалникот на Гостивар, иако надлежноста за водоснабдувањето е кај општинското јавно комунално претпријатие. Според премиерот, причината за тоа е поддршката што опозициската партија му ја даде на градоначалникот на локалните избори.

„Обвинителството, заедно со МВР, веќе обезбеди три лица и истрагата е сè уште во тек. Очекувам истрагата да открие дали има и други лица вплеткани во овој случај“, изјави Мицкоски за време на посетата на Идризово во општина Гази Баба.

Премиерот потенцираше дека за разлика од претходната власт, која не реагирала на проблеми со водата во Гостивар, Прилеп и Крушево, актуелната Влада презела брзи мерки.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни