Мицкоски разговараше со катарскиот премиер – поддршка за Катар и разбирање за состојба на Блискиот Исток

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари телефонски разговор со премиерот и министер за надворешни работи на Државата Катар, Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани.

Како што соопшти Мицкоски преку социјалните мрежи, во разговорот изразил поддршка за Катар и разбирање за, како што наведе, сложената состојба на Блискиот Исток.

Соговорниците размениле мислења за актуелните регионални и глобални предизвици, при што биле нагласени значењето на стабилноста, мирот и меѓусебната соработка.

Во разговорот била истакната и заедничката заложба за понатамошно унапредување на пријателските односи меѓу двете земји, како и отворање нови можности за соработка во интерес на граѓаните и економиите.