Мицкоски: Убијците од Мавровка излегле од затвор кога СДСМ бил на власт

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека убијците од Мавровка, излегле од затвор додека СДСМ бил дел од Владата, коментирајќи за наодите од СДСМ дека наместо во затвор, криминалци и убијци се шетаат по улица.

„Па да, избегани биле кога СДСМ бил дел од Владата. Но она што е важно е дека е загубен чоечки живот, а криминалците се фатени и изведени пред лицето на правдата. Секој оној кој мисли да се занимава со криминал ќе биде фатен и ќе биде испратен онаму каде му е местото – зад решетки. Мора сериозно да се занимаваме со битката против кирминалот и да го направиме криминалот неисплатлива професија. Секој криминалец кој мисли дека може да профитира со криминал, многу брзо ќе се разочара, и ќе биде сместен каде што му е местото. Постојат политички глодари кои мислат дека на таков начин ќе спечалат поен на сметка на загубени животи, но жалам што тие не гледаат во минатото и што правеа тие додека беа во владата, и што ние денеска мораме да поразиме. Но, ќе се бориме и ќе победиме. Не се само тие, набљудуваме уште неколку групи, и низ Скопје и низ цела Македонија. Тука идентификувавме три групи, кои имаат логистика и во затворите, и се занимаваат со изнуда, тероризам, тежок облик на криминал, и очекувам многу скоро и за нив криминалот да биде неисплатлива професија“, рече Мицкоски.