Агенцијата за Национална безбедност константно го следела лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Оваа вест денеска ја посочи Мицкоски, кој посочи дека следењето не го вознемирува.
„Од АНБ ме следат константно, но не ме вознемрува тоа. Тие мислат дека на тој начин ќе добијат нешто. Јас немам обезбедување од државата, не ми дозволија, иако ми следува. Трета година немам такво нешто, и не се плашам. Ако мислат дека така ќе ме заплашат, се лажат. Вчера бев во Прилеп, денеска сум во Битола, утре во Скопје, имаме цел овие луѓе да ги срушиме, а потоа, најважно од се, да одговараат“, кажа Мицкоски.