Breaking Први детали за пожарот во Бангкок: Силна експлозија го прекинала концертот, жртвите најдени заробени во тоалетите
4NEWS.mk

Мицотакис во Берлин ќе се сретне со Меркел

Привлекување директни странски инвестиции, презентација на претставувањето на владиниот план за реформи и развојните активности на Грција во текот за следната деценија (2020-2030) кои ќе се прошират меѓу другото и во секторите животна средина и енергетика, според грчки владини извори е целата на посетата на Кирјакос Мицотакис на Берлин и денешната средба со Ангела Меркел.
 
Грчкиот премиер и германската канцеларка ќе разговараат и за прашањата што се однесуваат на сегашноста и иднината на Европа, како што се безбедноста и соработката во југоисточна Европа и улогата на Грција во соседството и ЕУ, а ќе стане збор и за конкретни теми како што се грчко – германските економски контакти, мигрантското прашање и односите со Турција.
 
Според истите извори посетата на Мицотакис на Берлин и средбата со Меркел ќе бидат првата страница од новото поглавје.
 
Премиерот на Грција ќе оствари средба и со заменикот канцелар и министер за финансии Олаф Шолц.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни