Мизрахи: Таблата поставена пред Министерството е наследена, не постои стара и нова

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска изјави дека таблата поставена пред Министерството е наследена. Како што појасни, не постои стара и нова, постои само една табла.

-Јас не ја игнорирам реалноста, но нема да дозволам создавање на нова реалност. Демократско право, но и морална обврска на секој граѓанин е кога ќе види неправда и да реагира по истата. Таблата е наследена и не постои стара и нова табла. Постои само една табла во Министерството за труд и социјална политика, рече Мизрахи деенска во Крушево.

Министерката додаде оти треба да и заблагодари на вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, „заради тоа што не ја сменила таблата и со тоа, според Мизрахи, длабоко во себе препознала дека ова е Република Македонија и ова е македонски народ“.

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното