Свет

Мјанмар погоден од два разорни земјотреси – првиот со јачина од 7,7 степени

Мјанмар погоден од два разорни земјотреси – првиот со јачина од 7,7 степени

Утрово два разорни земјотреси го погодија Мјанмар. Првиот земјотрест бил со 7,7 степени по Рихтер, регистриран 33 километри југозападно од Мандалеј, на длабочина од 10 километри.

После 12 минути е регистриран втор потрес, 6,7 степени по Рихтер. Тој бил на длабочина од 35 километри, 45 километри југозападно од Манделеј, втор град по големина во Мјанмар.

Граѓаните кажуваат дека земјотресите траеле многу долго. Некои тврдат дека земјотресот траел дури две минути. Бил почувствуван и во Тајланд, во главниот град Банког.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни