Балкан

Млад човек на лет во Хрватска се обидел да ја отвори вратата од авионот (ВИДЕО)

Млад човек на лет во Хрватска се обидел да ја отвори вратата од авионот (ВИДЕО)

На ТИКТОК вчера беа објавени снимки на кои наводно се гледа млад Британец кој се обидел да ја отвори вратата од авионот на летот на Рајанер од Задар.

На снимката се гледа како младиот човек станува од своето место, вика, а потоа оди кон предниот дел на авионот и бара да се отворат вратите. Двете млади момчиња физички го совладале пред да стигне до вратата.

Девојката која го снимила видеото вели дека повеќето од патниците се враќале од фестивалот Hideout кој се одржувал од 25 до 29 јуни во Зрќ, а младиот човек бил пијан и под дејство на дрога.

Се чини дека авионот се движел по пистата и се подготвувал за полетување во моментот на инцидентот. Објавена е и снимка од друг агол.

@officialgeorgeyboy1 #fyp #foryourpage #foryou ♬ original sound – TheOfficialGeorgeyboy

Судејќи според видеата, младиот човек бил исфрлен од летот.

@officialgeorgeyboy1 Win some loose some #fyp #foryourpage #hideoutfestival ♬ original sound – TheOfficialGeorgeyboy

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни