4NEWS.mk

Млад живот згасна во сообраќајка на автопатот Гостивар – Тетово

Синоќа во 22,40 часот било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово после „Неготинска петла“, Б.Ј.(26) од с.Топлица-о.Врапчиште, управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот. 

Во незгодата возачот починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни