4NEWS.mk

Млада скопјанка тешко повредена во сообраќајка на патот Морани – Зелениково

Синоќа во 20.00 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Морани – с.Зелениково патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.О.(23) од с.Зелениково, скопско, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.О., по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни