Македонија

„Моето име е Ковид и не сум вирус“ – порача млад претприемач од Индија

„Моето име е Ковид и не сум вирус“ – порача млад претприемач од Индија

Јас се викам Ковид и не сум вирус. Таа реченица е во биографијата на Твитер на Ковид Капур, претприемач од Индија, кој поради неговото име стана тема на шега на Интернет.

Инаку, зборот ковид значи научен, а потекнува од хинду химна посветена на индиското божество Хануман.

За Ковид, сепак, сè се промени со пандемијата на корона вирусот. Стана тема број еден во градот и вистинска сензација.

Ковид сподели урнебесни искуства поврзани со неговото име на социјалните мрежи – од шеги што пријателите ги правеа за него кога наполни 30 години, до тоа како Ковид нарачува пиво Корона.

„Еј Ковид, остани позитивен“, гласи еден коментар.

Друг изјави дека фактот што Ковид стана вирален е една од најсмешните и најпозитивните работи оваа година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни