Токсиколошките тестови на крвта на Коста К.(13), кој вчера уби осум врсници и чувар, а повреди шест деца и наставник по историја, биле негативни на алкохол и наркотици.
Момчето од синоќа е на Клиниката за деца и младинци за невропсихијатрија, на специјално детско одделение.
Лекарите треба да извршат опсервација во наредните денови, а рочиштето на таткото е утре во 10 часот во Палатата на правдата“, потврди за „Блиц“ адвокатката на семејството Ирина Боровиќ.
Момчето преноќило во клиника, а по завршување на сите анализи ќе се утврдува судбината на момчето.
Да потсетиме, Коста К., вчераутро влегол во училиштето со пиштолот на неговиот татко, најпрвин пукал во училишниот чувар, потоа во дежурните ученици, а потоа се упатил кон канцеларијата за историја. Таму ја ранил учителката, а потоа почнал да пука во своите врсници. Според официјалните информации од МУП, убиени се седум девојчиња, едно момче и училишен чувар. Шест деца се ранети, како и наставник по историја.