Маја Морачанин од ДОМ денеска во изјава за медиумите, пред лидерската средба повикана од премиерот Димитар Ковачевски, истакна дека очекува средбата да биде конструктивна.
Таа вели дека очекува конструктивна дискусија бидејќи сите партии се декларираат како проевропски, односно дека една од програмските стратешки цели им е членството во ЕУ.
Во однос на уставните измени, Морачанин вели дека не очекува денеска да се постигне договор.
„Не очекувам денес ќе се постигне договор имајќи ги во предвид најавите и изјавите на опозицијата дека тие се се уште против, односно бараат дополнителни гаранции за промена на Уставот, но добро е да разговараме заеднички затоа што тоа е најдобриот начин за вакви стратешки прашања кои што се од важност за државата и за граѓаните“, вели Морачанин.