Британските пратеници, кои планираат да не го поддржат Договорот за Брегзит, што пред два месеци го постигнаа Владата во Лондон и Брисел, ризикуваат да предизвикаат блокада на Велика Британија и можност земјата да не ја напушти Европската Унија на предвидениот датум 29 март, предупреди шефот на британската дипломатија Џереми Хант. Доколку британскиот Парламент на предвиденото гласање во вторник го одбие постигнатиот Договор за излез на Велика Британија од ЕУ, можно е да дојде до Брегзит без договор, што предизвикува голема неизвесност и ставување од можен хаос во земјата.
Британските пратеници кои се цврсти во својот став земјата да ја напушти ЕУ, не се согласуваат со дел од одредбите од постигнатиот Договор за Брегзит и сакаат целосен прекин на врските меѓу Велика Британија и Унијата.