Свет

Му ја ампутирала погрешната нога на пациентот – казнета само со 2.700 евра

Судот во Линц ја прогласи виновна 43-годишната хирург за грубо невнимание и ја казни со 2.700 евра. На вдовицата на пациентот, која починала пред случајот да дојде на суд, и биле досудени 5.000 евра отштета, пишува Би-Би-Си.

На постариот пациент наместо левата му ја отстраниле десната нога, а грешката била откриена дури два дена подоцна. Пациентот минатиот мај отишол во клиника во Фрајштад за да му ја ампутираат ногата, но хирургот означил погрешен екстремитет за ампутација. Грешката била идентификувана при рутинска промена на завој и на пациентот му било кажано дека ќе мора да му ја ампутираат другата нога.

Од болницата тогаш соопштија дека инцидентот се случил како последица на низа несреќни околности, а хирургот на прес-конференцијата јавно се извини.

Таа пред судот изјави дека имало грешка во синџирот на команда во операционата сала.

Запрашана зошто ја означила десната, а не левата нога, таа одговори: „Не знам“.

По инцидентот, хирургот се преселил во друга клиника.

Вакви случаи се ретки, но слични инциденти имало и во минатото. Во 1995 година, еден лекар од Соединетите Американски Држави открил на половина пат од операцијата дека му ампутирал погрешна нога на пациент со дијабетес. Тој беше принуден да продолжи откако ги пресече мускулите, тетивите и лигаментите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни