Фановите на серијата „Чудни работи“ (Stranger Things) сигурно се сеќаваат на првата епизода во која Дастин, актерот Гејтен Матарацо, се обидува да им објаснвуа на насилниците зошто нема предни заби: „Милион пати сум ви рекол, моите заби растат во спротивна насока“.
Младиот актер откри дека боледува од ретко нарушување кое се означува како CLCD или Cleidocranial дисплазија.
Цедокраниал дисплазија е состојба која влијае на коские, забите, черепот и ребрата, но и на неразвиеност на рамениот дел. Во прашање е редок синдром кој може да се лекува, но не постои лек и трајно решение.
Гејтен Матарацо во интервју непосредно пред промоцијата на третата сезона на серијата “Stranger Things” изјави дека не добивал улоги поради усните, забите и висината.
„Кога бев на аудицијата за серијата им реков на режисерите дека немам развиен раменски дел поради синдромот од кој боледувам. Кога ја добив улогата ме прашаа дали е во ред другите деца во серијата да се шегуваат поради мојот изглед. Реков дека тоа е многу кул зошто е реално и е вистина, и тоа ми се случувало“, рече Гејтен.
Гејтен по повод својот синдром рече: „Ете, сите мислеа дека сум некое симпатично штрбаво дете, а всушност имам здравствен проблем. Иако мојот проблем не би требало да ме дефинира“.


