Македонија

МВР ќе има симулациска вежба во скопско Грачани, не паничете и почитувајте ги насоките!

МВР ќе има симулациска вежба во скопско Грачани, не паничете и почитувајте ги насоките!

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека утре (10.06.2026), во периодот од 12:00 до 13:00 часот, во атарот на село Грачани, скопско, ќе се спроведе симулациска вежба.

За потребите на вежбата на терен ќе бидат ангажирани полициски службеници и службени возила, поради што е можно зголемено присуство на припадници на безбедносните служби во наведениот реон.

Апелираме до граѓаните кои ќе се најдат во близина да ги почитуваат насоките на службените лица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни