МВР со детали за пожарот во зградата „папагал“ во Скопје

Пожарот што избувна синоќа во зградата „папагал“ на булеварот „Климент Охридски“ во центарот на Скопје е целосно изгаснат.

Се вчитува...

МВР информира дека вчера во 20:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан сопственост на 55-годишната Л.П. избувнал пожар, предизвикан од плинска боца.

Од страна на Единицата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден. 

Извор: Сител телевизија