Македонија

МВР со детали за сообраќајната несреќа кај Собрание

МВР со детали за сообраќајната несреќа кај Собрание

На 06.07.2023 во 20.25 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„11 Октомври, ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Даме Груев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од К.Д.(44) од Скопје и мопед „сим“, управуван од Д.К.(18) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни