МВР трага по жена која удрила во пешак, па побегнала

Возило управувано од женско лице, вчера околу 14:30 часот во населба Аеродром на крстосницата на улиците „23 Октомври“ и „Коста Новаковиќ“, удрило во 77-годишниот пешак Ј.С., и подоцна го напуштила местото на настанот.

Ј.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската болница „Свети Наум Охридски“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, која превзема мерки за пронаоѓање на лицето.

Извор: ТВ21