МЗ: До овој момент, нема никаква одлука за нови рестриктивни мерки

Министерството за здравство ги демантира информациите кои неколку медиуми ги имаат објавено, а се поврзани со наводни нови рестриктивни мерки. До овој момент, нема никаква одлука за нови рестриктивни мерки.

Се вчитува...

Викендов ќе се направи детална анализа на епидемиолошките податоци од прашалниците. Врз основа на направената анализа ќе се заземе став дали се потребни мерки и следни чекори кои ќе бидат препорачани до Владата.

Ги замолуваме медиумите да се воздржат од дезинформации. Гаѓаните да се информираат исклучиво од релевантните институции, Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија.

По завршувањето на анализата со епидемиолошката состојба, јавноста ќе биде навремено информирана.

.

Извор: ТВ21