Власта нема да ги искористи промените на Законот за совет на јавни обвинители како план „Б“ ако пропаднат преговорите со опозицијата, брифираат високи извори од владејачката СДСМ.
Во владата има оптимизам за договор со ВМРО-ДПМНЕ но ако до тоа не дојде, можно е да се иницира итна лидерска средба по пржински формат за изнаоѓање излез од кризата. Во владата сепак постои уверување дека и Советот на јавни обвинители има законска можност да назначи в.д јавен обвинител иако извори велат дека тоа е најмалку посакувано сценарио.
Оптимистичкото сценарио на власта е дека договор ќе има до 10ти септември кога на собраниска седница ќе биде ставен законот за јавно обвинителство.
Владејачката партија очекува датум за преговори во октомври и членство во НАТО во декември. Дури потоа би прифатиле разговори за предвремени избори со опозицијата. СДСМ смета дека изборите треба да се случат во втората половина на октомври 2020.
Славица Арсова