Американскиот актер Мајкл Мадсен почина денес на 68-годишна возраст, според неговата публицистка Лиз Родригез.
Таа за Си-Ен-Ен изјави дека Медсен доживеал срцев удар и бил пронајден во несвест утрово во својот дом во Малибу.
„Мајкл Мадсен беше еден од најважните холивудски актери, кој ќе им недостига на многумина“, според заедничката изјава на неговите менаџери Сузан Ферис и Рон Смит.
