Родилка од Куманово заразена со корона вирус вчера била породена на ГАК, дознава Сител. Жената е на 27 годишна возраст и е породена предвреме. Според извори на Сител, бебето ќе биде пренесено на интензивна нега на ГАК , а родилката веќе е префрлена во Инфективната клиника. И втора родилка сомнителна на корона попладнето била примена на Гинекологија, но со мртов плод. За неа, според извори од клиниката се уште чекаат резултати дали има Kовид-19.
Сања Димитровска
