На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче информираше дека на Инфективна клиника еден медицински техничар е позитивен на коронавирус.
-Направена е и семејна и помеѓу вработените епидемиолошка анкета и согласно тоа ќе се постапи за да се организира делот на работата во одделението каде што работел во рамките на Клиниката. Единствено од семејството сега детално се разговара и со сопругата за да се анализираат и евентуални дополнителни контакти, приватни како и првични контакти од епидемиолошката анкета, рече министерот за здравство.
