Балкан

НА МИКОНОС: Собарки јаделе слатки оставени од гостите, почнале да халуцинираат, па завршиле во болница

НА МИКОНОС: Собарки јаделе слатки оставени од гостите, почнале да халуцинираат, па завршиле во болница

Грчките медиуми јавуваат дека на Миконос пет лица завршиле во болница откако консумирале слатки кои во собите ги оставиле гостите, а кои биле полни со халуцигени супстанци.

Дека Миконос е остров познат по лудите забави на кои се користи и дрога не е нов податок. Во изнајмените вили, остануваа се и сешто по заминувањето на богатите гости.

Како што јавува Прототема, пет собарки се хоспитализирани откако јаделе чоколади и слатки кои останале во фрижидерите по заминувањето на гостите.

Се утврдило дека слатките содржеле псилоцибин, супстанца со сличен ефект како и ЛСД, која може да предизвика еуфорија, нагла промена на емоциите и халуцинации.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни