Свет

На Островот се очекуваат рекордно високи температури – до 41°

На Островот се очекуваат рекордно високи температури – до 41°

Во понеделник и вторник во Велика Британија се очекуваат рекордни високи температури – до 41°.

Ова ќе биде највисоката температура досега забележана на островот. Рекордот за највисока температура забележана во ОК е 38,7°, измерен во 2019 година.

Поради горештините во земјава е воведена вонредна состојба.

Се препорачува да се избегнува патување со воз и метро. Властите ги повикаа училиштата и домовите за стари лица да преземат мерки, бидејќи децата и постарите лица се особено ранливи на високи температури.

Температурите се високи и во другите земји од Западна Европа.

Екстремните горештини што продолжуваат во Шпанија предизвикаа смрт на речиси 240 луѓе.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни