19-годишниот Пакистанец, Шехроз Кашиф вчера го собори светскиот рекорд како најмлад алпинист кој го освоил К2.
Тој со само 19 години го искачил вториот највисок врв на светот, а според светските медиуми тој бил на врвот на височина од 8.611 метри во 08:10 часот по локално време.
Младиот пакистански алпинист во мај годинава се искачи и на највисокиот светски врв Монт Еверест.
