Живот

На само 46 години почина Дејан Милојевиќ, светот на кошарката обвиен во црно!

На само 46 години почина Дејан Милојевиќ, светот на кошарката обвиен во црно!

Српскиот тренер Дејан Милојевиќ почина денеска на само 46-годишна возраст како последица на срцев удар.

Младиот стратег, кој беше дел од стручниот штаб на НБА-тимот Голден Стејт вчера доживеал срцев удар додека бил на вечера во ресторан во Солт Лејк Сити. Веднаш бил хоспитализиран во болница, но неговото срце не издржало.

НБА-лигата уште пред неколку часа објави дека го одложува натпреварот помеѓу Јута и Голден Стејт што требаше да се игра вечерва.

Милојевиќ во својата кошаркарска кариера играше за Беовук, ФМП, Будуќност, во два наврати за Партизан, а беше дел и од Валенсија и Галатасарај.

Тренерската кариера ја започна Мега Баскет, каде седеше на клупата цели осум години од 2012 до 2020. Потоа кратко беше во Будуќност, а од 2021 беше дел од стручниот тим на Голден Стејт вориорс во НБА-лигата како еден од помошниците на тренерот Стив Кер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни