Македонија

Над 1.800 парчиња стока без документација пронајдени во возило во кумановско, приведен 36-годишник

Над 1.800 парчиња стока без документација пронајдени во возило во кумановско, приведен 36-годишник

Повеќе од 1.800 парчиња различна стока без соодветна документација биле пронајдени во товарно возило во кумановско, при што полицијата лишила од слобода 36-годишен жител на село Гошинце.

Случајот бил откриен на 17 септември околу 19:50 часот, во реонот на село Липково. Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север дале знак за запирање на товарно возило „мерцедес спринтер“, управувано од С.С. (36).

Според информациите од полицијата, возачот не застанал и продолжил да се движи во правец на село Отља. По преземените мерки, полициските службеници успеале да го запрат возилото.

При извршениот преглед биле пронајдени 320 парчиња текстил, 28 парчиња обувки, 350 парчиња техничка стока, 78 парчиња лекови, 76 парчиња козметички производи, шест делови за возила и 377 парчиња друга стока.

Целокупната стока била без соодветна документација.

С.С. бил лишен од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово. По целосното документирање на случајот, против 36-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни