Повеќе од 17.000 луѓе се евакуирани од зоната на поплавите во кампови за привремено сместување во јужната индиска држава Тамил Наду, која беше погодена од обилни дождови.
„Досега поставивме 160 кампови за помош и околу 17.000 луѓе се сместени во овие кампови. Околу 34.000 пакети со храна им беа доставени на луѓето, но сега не можеме да стигнеме до некои села бидејќи нивото на водата се уште не е паднато. изјави заменик-шефот на локалната администрација Шив Дас Меена, цитиран од НДТВ.
Тој додаде дека околу 1.300 луѓе, вклучително и од морнарицата и воздухопловните сили, Националните сили за одговор при катастрофи се вклучени во операциите за помош и евакуација. Властите користат девет хеликоптери за да достават 13,5 тони хуманитарна помош во оддалечените погодени области.
Во меѓувреме, обилните дождови продолжуваат во Тамил Наду. Животот во погодените подрачја е парализиран, патиштата се поплавени, транспортот не функционира и сите образовни институции, јавни и приватни, се затворени.