Македонија

Над 2.000 активни случаи во Македонија

Бројот на заболени од Ковид-19 во државава секојдневно се зголемува. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, при направени 3.101 тестирања регистрирани се 143 нови случаи со Ковид-19, 32 оздравени пациенти и два починати пациенти од Тетово, на возраст од 31 и 70 години.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.164 бројката на оздравени пациенти е 150.556, на починати е 5.509, а бројот на активни случаи изнесува 2.099.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни